Руските војници кои беа заробени од украинските погранични сили, а потоа веднаш прикажани на домашните медиуми, навлегле во територијата на Украина „по грешка“ јавуваат медиумите во Москва, повикувајќи се на извори во руското Министерство за одбрана.
Според овој извор, војниците биле само во рутинска патрола, покрај руско-украинската граница и „инцидентно“ навлегле во Украина во „необележен сектор“ на граничната линија.
– Тие не им се спротивставиле на укрианските војници, не го употребиле своиет оружје и дозволиле да бидат заробени, рекол овој извор за агенцијата РИА-Новости.
Тој им забележува на украинските власти што целиот инцидент го прикажуваат како воена провокација, објаснувајќи дека повеќе од 500 украински војници преминаа во Русија.
Неидентификуваниот извор на руската агенција вели дека сите Украинци кои сакаа да се вратат дома,беа вратени назад и никој од нив не беше користен за пропагандни потреби.
Властите во Киев претходно сооптија дека заробиле дестмина руски падобранци, давајќи прецизни детали за тоа од каде се и на кој род од војската и припаѓаат.
Заробените Руси беа прикажани на украинските телевизиски станици, а некои од нив беа натерани да дадат изјави дека „оваа војна не е нивна“.
Пограничниот инцидент доаѓа непосредно пред најавениот разговор на претседателот Владимир Путин со неговиот украински колега Петро Порошенко, во Минск и во Киев се настојува да се искористи како „аргумент“ за руското мешање во украинската криза и за вклученоста на руската војска во Источна Украина.