Руските власти сметаат дека нема основа за депортирање на Сноуден во САД

Од:

Руските миграциони власти и безбедносни структури сметаат дека нема основа за депортирање на поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност Едвард Сноуден во САД.

Има информации дека Сноуден се наоѓа во транзитната зона на московскиот аеродром „Шереметјево“. Службата за безбедност на аеродромот изјави дека тој формално не ја преминал руската граница.

Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни изјави дека САД ги повикале руските власти да ги разгледаат сите можности за депортирање на Сноуден во САД.

Според руските законски прописи за екстрадирање, руската миграциска служба треба да побара од Судот донесување одлука за протерување на странски државјанин од територијата на Русија поради кршење на миграциското законодавство.

– Бидејќи не е утврдено кршење на миграциското законодавство на Руската федерација од страна на Сноуден, кон него нема претензии, изјави анонимен извор од властите во Москва.

Според друг извор од руските безбедносни органи, меѓу Русија и САД нема билатерален договор за екстрадирање на обвинети или осомничени, но понекогаш се применува механизм за депортација.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска