Руските власти на Крим продаваат украински куќи

Од:

Власта на Крим, инсталирана од Русија, објави дека планира да продаде околу 100 украински имоти, вклучително и еден што му припаѓа на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Владимир Константинов, претседателот на кримскиот парламент, изјави дека национализираните средства наскоро ќе бидат продадени и дека властите ги одржале првите осум аукции за имотот на украинските бизнисмени.

– Разговорите за продажба изнесуваат повеќе од 815 милиони рубљи (околу 8 милиони евра), рече Константинов на апликацијата за пораки Телеграм.

Руските власти на Крим во февруари соопштија дека национализирале околу 500 имоти на Крим, вклучително и некои што им припаѓаат на високи украински политичари и бизнисмени. Крим, меѓународно признат како дел од Украина, е под контрола на Москва од 2014 година, кога Русија го анектираше полуостровот на Црното Море, осум години пред нејзината инвазија на остатокот од Украина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски

Жестоки реакции за рускиот напад на Суми: „Варварски чин“

ВИДЕО: Снимен моментот на ударот во Суми

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Над 30 мртви во масакрот во центарот на Суми

ВИДЕО: Страотен руски напад на Суми, има мртви

Катерина Ѓуровски