Руските трупи комплетно се повлекоа од Киев и Чернихив

Од:

Руските трупи конечно се повлекоа од регионот на Киев и Чернихиф, соопшти висок функционер на Пентагон, пренесе Би-Би-Си.

– Руските сили, во близина на Киев и Чернигов се повлекоа за да се консолидираат во Белорусија и Русија, изјави претставникот на Пентагон.

Подоцна и портпаролот на Пентагон Џон Кирби истакна дека „рускиот претседател Владимир Путин“ не успеал да постигне ниту една од своите стратешки цели во Украина. „Тој ја презеде контролата само врз малите градови…Руската војска не го зазеде Харков“.

Изјавата на Кирби доаѓа неколку дена откако Русија објави дека ќе ги фокусира своите напори на источниот украински регион Донбас.

Висок функционер на Пентагон, кој побарал да остане неименуван, рече дека руските војници би можеле да се вратат во Киев во иднина, пренесува Би-Би-Си.

Според тинк-тенк Институт за проучување на војната, руските трупи кои се повлекуваат од околината на Киев веројатно нема да се вратат наскоро.

Од 130 руски баталјони испратени во Украина, повеќе од 80 остануваат во земјата, рече официјалниот претставник на Пентагон. Најмалку 24.000 руски војници се повлекоа од Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина потврди дека е пред договор со САД за минералите

ВИДЕО: Македонија е коспонзор на резолуцијата на САД за Украина, ЕУ поднесува своја

Катерина Ѓуровски

Кој повеќе и помогнал на Украина, САД или Европа – што покажуваат бројките

Катерина Ѓуровски

Oблачно со услови за дожд

Здружението „Лесја Украинка“ со марш во центарот на Скопје ја опдбележа третата годишнина од руската инвазија врз Украина

ВИДЕО: „Три години херојски отпор“, Зеленски објави порака на годишнината од војната