Руските сили почнаа со евакуација на Купјанск кој е под украински оган

Од:

Руските сили соопштија дека евакуираат жени и деца од градот Купјанск, важен транспортен центар во источниот украински регион Харков.

– Едноставно сме принудени да обезбедиме евакуација на населението – барем жените и децата – бидејќи градот е изложен на ракетни напади од украинските воени единици, рече шефот на воената администрација назначена од Русија, Виталиј Ганцев, пренесе ДПА.

Купјанск е на раскрсницата на неколку железнички линии и главни патишта. Се смета за стратешки важен бидејќи е на рутата за снабдување на руските трупи кои маршираат кон регионот на Донбас.

Извештаите од руските воени дописници покажуваат дека украинската армија напреднала околу 20 километри во територија под руска контрола во близина на градот Балаклија, на околу 60 километри од Купјанск. јт/

Фото: Твитер

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски