Руските сепаратисти ги обвинуваат украинските сили дека користат забранета муниција

Од:

Украинските безбедносни структури користат забранета муниција, изјави „премиерот“ на самопрогласената „Доњецка Народна Република“, Александар Бородај.

Тој истакна дека на страната на украинските вооружени сили војуваат платеници и дека тие ги „користат сите можни валкани методи“, вклучувајќи и распрснувачки куршуми и забранета муниција.

Бородај нагласи дека силите на сепаратистите планираат да ја повратат контролата врз меѓународниот аеродром на Доњецк, кој во моментот е во рацете на владините сили по крвавите судири во почетокот на седмицата.

– Во одреден момент ние ќе преминеме во контранапад, ако тие не ја напуштат територијата на Доњецката Народна Република, рече тој.

Според него, проруските сепаратисти располагаат со информација дека практично секојдневно на аеродромот пристигнуваат авиони со нови единици на украинската армија и Националната гарда и со борци на националистичката организација Десен сектор.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски