Руските офицери се повлекуваат од Херсон

Од:

Руското воено раководство ги повлече своите офицери од градот Херсон преку реката Днепар, додека се очекува напредување на украинската армија.

Русите се повлекуваат за да ја забават украинската контраофанзива, а новомобилизираните неискусни војници остануваат на терен.

Повлекувањето доаѓа откако украинската војска објави дека нејзините сили продолжиле со контраофанзивата во регионите Херсон и Запорожје.

Вчера руските власти наредија итна евакуација на населението преку реките Днепар од Херсон пред да влезе украинската војска во градот.

Херсон е под руска опсада од почетокот на инвазијата во февруари. Тој е главен град на истоимениот регион, еден од четирите што рускиот претседател Владимир Путин нелегитимно ги анектираше минатиот месец.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск