Руските медиуми и каналите на Телеграм со лажна вест дека заробиле офицери на НАТО

Од:

Специјалните сили на Руската Федерација наводно заробиле неколку офицери на НАТО во украинскиот град Очаково, кои им помагале на украинските вооружени сили во гаѓањето руски цивилни цели со ракети и беспилотни летала, објави Телеграм каналот „На Марше“, а објавија и неколку руски медиуми, вклучувајќи ги Инфо24, блокнот и glavny.tv.

„Вчера вечерта во Очаково, руските специјални сили се истоварија од неколку бродови и навлегоа во командниот центар на украинските вооружени сили. Тие заробија британски војници кои ја координираа употребата на британски ракети и беспилотни летала“, се наведува во извештајот.

Веста, на која ѝ недостига било каква независна верификација, потекнува од извори поврзани со Русија и вклучува фабрикувани фотографии со вештачка интелегенција. Најрелевантните руски новински агенции како ТАСС и РИА Новости не известија воопшто за руски поморски десант во Очаково, туку нешто сосема обратно: британски доброволци, кои се борат за Украина, наводно отпловиле од Очаково, со цел да се истоварат на островот Тендровска Коса, во што биле спречени од страна на руските сили, кои го држат под окупација и во тој момент го гранатирале Очаково.

Би можело да ве интересира

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

ВИДЕО: Лимитирањето на „Старшилд“ за Украина е по наредба на Белата куќа

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

ВИДЕО: Украинците со дронови го погодија најголемиот руски дата-центар

SpaceX, без најава, го ограничи Starlink за украинската војска