Руските комунисти го слават Ленин и офанзивата против Украина

Од:

На свеченоста по повод роденденот на Ленин, руските комунисти денеска изразија поддршка за офанзивата на Владимир Путин против Украина, на која гледаат како на борба меѓу Москва и Вашингтон.

– Англосаксонците пристигнаа (во Украина) за да се борат за доминација над планетата, рече Генадиј Зјуганов, првиот секретар на руската Комунистичка партија.

– Денес на украинско тло се носи одлука дали светот ќе биде униполарен под нивно водство или мултиполарен, додаде 77-годишниот функционер.

– Неопходно е да се брани државата, нагласи тој, обвинувајќи ги НАТО и САД дека се борат против „рускиот свет“.

Зјуганов учествуваше на церемонијата на Црвениот плоштад по повод 152-годишнината од раѓањето на Ленин. На собирот присуствуваа околу 200 луѓе, кои носеа портрети на Ленин и советските знамиња. Тие положија венец пред мавзолејот на Ленин.

Ленин, руски револуционер, водач на болшевиците и прв премиер на Советска Русија, почина во 1924 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина