Руските бродови нема да полнат гориво во шпанската енклава Сеута

Од:

Шпанското министерство за надворешни работи соопшти дека Русија го повлекла своето барање за пристанување на нејзините воени бродови во енклавата Сеута, на мароканскиот брег, што е под контрола на Шпанија.

Три бродови од флотилата, која од Русија плови кон Медитеранот и Сирија, требаше да влезат во пристаништето во Сеута, но закажаната посета сега е откажана, откако владата во Мадрид беше изложена на силен притисок да не го дозволи тоа.

Официјален Лондон и британскиот министер за одбрана Мајкл Фалон кои први се спротивставија, ја истакнаа загриженоста на Британија за можноста руските бродови да се снабдат со гориво од шпанската територија.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг предупреди на можноста бродовите да бидат искористени за бомбардирање цивили во сирискиот град Алепо, но остави на владата во Мадрид сама да одлучи.

Ситуацијата ја разреши Русија, кога нејзината амбасада во Шпанија соопшти дека посетата на бродовите е откажана од руска страна.

Министерство за одбрана во Москва, подоцна, соопшти дека немало никакво барање за полнење на гориво, во некое шпанско пристаниште, за главнината на руската флотила, а пред се за носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“.

„Руските бродови имаат доволно ресурси за изведување на својата мисија“, се вели во соопштението од Москва, што го пренесуваат западните медиуми.

Според руското објаснување за случајот, постоел договор со владата на Шпанија, три руски воени бродови да ја посетат Сеута, во периодот меѓу 28 октомври и втори ноември, како и дека станува збор за пракса која се користи веќе неколку години.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски