Руските авиони ја вознемирија Полска кој ги „подигна“ авионите

Од:

Авиони од Полска и сојузничките земји беа подигнати откако беше откриена интензивна руска авијациска активност во Украина, објави оперативната команда на полските вооружени сили на социјалната мрежа X.

„Оперативната команда на вооружените сили ја следи интензивната активност на авијацијата со долг дострел на Руската Федерација, поврзана со воздушни и ракетни напади врз цели лоцирани во Украина“, се вели во соопштението.

Во него се забележува дека се активирани сите потребни процедури за да се обезбеди безбедноста на полскиот воздушен простор.

„Оперативната команда на вооружените сили континуирано ја следи моменталната ситуација, а подредените сили и средства остануваат целосно подготвени за итен одговор“, се додава во соопштението.

Оперативната команда на Полска изјави дека се активирани полски и сојузнички авиони, што може да резултира со зголемено ниво на бучава, особено во југоисточниот дел од земјата.

Би можело да ве интересира

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Украина: Руските сателити му помогнаа на Иран да избере цели на Блискиот Исток

Русија: Неиспровоцираниот напад претрпе тежок пораз

Нова ера на оружје: Руска ракета што не познава ограничувања на дострелот

Полска одбива да испорача системи „Патриот“ за операции против Иран

Дуров: Рускиот обид за блокирање на VPN-мрежите предизвика колапс на платниот систем