Рускиот парламент изгласа напуштање на Европскиот суд за човекови права

Од:

Државната дума (Долниот дом на рускиот Парламент) денеска усвои пакет-закони со кои Русија го напушта Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП). Пратениците одобрија два нацрт-закони – еден за отстранување на Русија од јурисдикцијата на Судот и другиот што го одредува 16 март како датум за прекин на односите.

Законодавниот пакет предвидува дека судските пресуди донесени по 15 март, кога Русија поднесе барање за напуштање на Советот на Европа, нема да се спроведуваат.

Исто така, предвидено е исплатата на бенефициите според одлуките на ЕСЧП да се врши само во рубљи и само на сметки во руските банки. Дополнително, Генералното обвинителство на Русија може до 1 јануари 2023 година да плаќа паричен надомест на тужителите врз основа на судски одлуки.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски