Рускиот бизнисмен Пригожин призна дека се мешал во изборите во САД

Од:

Рускиот бизнисмен Евгениј Пригожин изјави дека се мешал во изборите во Соединетите Американски Држави и ќе продолжи да го прави тоа и во иднина, што е прво вакво признание од лице формално назначено од Вашингтон како лице кое се обидело да влијае на американската политика, пишува агенцијата Ројтерс.

Во коментарите објавени од прес-службата на неговата угостителска компанија Конкорд за рускиот еквивалент на Фејсбук – ВКонтакте, Пригожин рече: „Се мешавме (во изборите во САД), се мешаме и ќе продолжиме да се мешаме. Внимателно, прецизно, хируршки и на наш начин, како што знаеме да правиме“, пренесува Ројтерс.

Опасноста од сајбер војна меѓу САД и Русија

Изјавата беше објавена во пресрет на изборите во САД.

„За време на нашите прецизни операции, ќе ги отстраниме и бубрезите и црниот дроб одеднаш“, рече Пригожин, но не даде детали за тој криптичен коментар, според Ројтерс.

Пригожин, кој често го нарекуваат „готвач на Путин“ затоа што неговата угостителска компанија има договори со Кремљ, официјално е обвинет дека спонзорира „тролови“ со седиште во Русија, кои се обидуваат да влијаат на американската политика.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски