Руски воени бродови уништија магацини за оружје на ИД во Сирија

Од:

Руските фрегати Адмирал Есен, Адмирал Григоривич и подморницата Красандар уништија магацини за оружје на терористичката група Исламска држава во Сирија, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Од фрегатите и подморницата на руската воена морнарица истрелани се шест ракети „Калибар“ од источниот дел на Средоземно Море врз објекти на ИД во Сирија, при што се уништени командни пунктови на џихадистите во околината на градот Акербат во провинцијата Хама.

Потоа уследиле напади од воздух на руските авиони.

Воените власти на Турција и на Израел биле информирани за употребата на криластите ракети „Калибар“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина