Руски товарен брод за снабдување на МВС неконтролирано понира кон Земјата

Од:

Рускиот товарен брод за снабдување на Меѓународната вселенска станица(МВС) Прогрес М-27М неконтролирано понира кон Земјата, пренесе Макфакс.

„Почна да понира. Нема каде да оди“, изјави за AFP анонимен руски извор, запознат со ситуацијата . Тој додаде дека леталото започнало неконтролирани реакции.

Доколку не се воспостави контрола, Прогрес целосно ќе изгори во атмосферата, а доколку некои делови ги издржат високите температури, тие најверојатно ќе завршат во морето или во ненаселени подрачја.

На видеозаписот што го објави руската вселенска агенција Роскосмос, видливо е дека Прогрес се врти околу својата и Земјината оска со голема брзина.

„Рускиот и американскиот дела на МВС и натаму работат нормално и имаат доволно резерви да функционираат уште долго до доаѓањето на следниот товарен брод во јуни“, соопшти НАСА.

Секоја година се лансираат три до четири товарни брода Прогрес кои носат опрема и храна нужна за живот на МВС. По својата мисија се враќаат и изгоруваат во атмосферата над Тихиот океан

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ