Руски суд го казни „Гугл“ со 45.000 евра

Од:

Прекршочен суд во Москва денеска го казни „Гугл“ со четири милиони рубљи (околу 45.000 евра), поради „ширење лажни информации за загинати лица за време на специјалната операција во Украина“.

Информацијата ја соопштил Судот, а ја пренесоа руски медиуми.

Во образложението на судот се вели дека „Гугл“ одбил да ги отстрани „лажните информации за специјалната операција во Украина, вклучувајќи лажни податоци за број на загинати, како и екстремистички изјави против Руси и против раководството на Руската Федерација“.

На почетокот на март, рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон, со кој се казнува ширење на лажни информации за државните вооружени сили. Кон крајот на март, законот беше проширен и на државните органи на Руската Федерација.

Со законот предвидени се казни и за оние кои повикуваат на санкции против Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Одмазда за масакрот во Суми: Украина ја уништи руската ракетна бригада во регионот Курск

Фондациите на Елтон Џон се додадени на листата на непожелни организации во Русија

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

Мајка со секира си ги уби трите деца

А1он