(ВИДЕО) Руски пропагандисти: „Иритацијата кај Русите е полоша од паниката“

Од:

Прорежимските гости во програма емитувана на државната руска телевизија „Русија 1“ разговараа за зголеменото незадоволство на руската јавност од ситуацијата во Украина и начинот на кој Русија ја води војната.

Во видеото со англиски превод објавено од новинарката Џулаи Дејвис, репортер на „Дејли Бист“, може да се слушнат гостите во емисијата како разговараат за влошеното расположение на руската јавност.

Еден од гостите вели дека жителите на Русија не се во паника, туку „се случува нешто уште полошо“ – иритација. Кога рускиот претседател Владимир Путин прогласи делумна мобилизација, општествениот договор во Русија се промени.

„Откако се случи ова, веќе не е доволно да им се кажува на луѓето дека „татковината е во опасност“, рече тој. Зборувајќи за тоа зошто има „толкава иритација“ во Русија, тој рече: „Се чини дека владата не му верува на народот. Сите сме сигурни дека ќе победиме. Што ги спречува да кажат „драги луѓе, имаше грешки и погрешни пресметки.“

Гостинот тврди дека „иритацијата се акумулира“ затоа што Кремљ „не е искрен со луѓето“ од почетокот на војната. Друг гостин рече дека Русија мора да почне да ја подготвува јавноста за „долга и тешка војна“.

„Не за победнички марш, не за брзи победи, туку за долга и тешка војна“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

ВИДЕО: Путин положи заклетва за петтиот претседателски мандат

Катерина Ѓуровски

Уште шест години на власт, денеска инагурација на Путин

Франција испраќа амбасадор на инаугурацијата на Путин

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ