Руски платеници го зголемуваат присуството во Украина, тврдат западни разузнавачки извори

Од:

Тројца западни разузнавачки извори тврдат во изјава за западни медиуми дека „платеници поврзани со руски разузнавачки структури“ наводно го зголемиле своето присуство во Украина, поради што расте стравот кај некои членки на НАТО дека Русија би можела да бара изговор за инвазија на Украина, објави на својот сајт Телеграф, пренесувајќи извештај на новинската агенција Ројтерс.

Повикувајќи се на неименувани извори, британската агенција пренесува дека се зголемува стравувањето оти руската инвазија ќе следи по војна со информации и „кибер напади врз клучни инфраструктурни системи“, како што се електричната и гасната мрежа.

Изворите предупредуваат на наводни дејствија на руски платеници кои би можеле да ја „парализираат Украина со извршување целни егзекуции и користење на специјализирано оружје“.

Русија ги зајакна своите воени сили распоредени на границата со Украина во текот на викендот, изјави денеска портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, и покрај најавата на Москва дека завршува некои од воените вежби.

– Рускиот лидер Владимир Путин „продолжува да испраќа сили долж границата со Украина и во Белорусија, дури и во текот на изминатиот викенд, каде веќе има над 100.000 војници, истакна Кирби за Си-Ен-Ен.

– Не се само бројките. Таму има на располагање комбинирано оружје, речиси се, од оклопни единици до пешадија, како и специјални операции за кибер напади и воздушна и ракетна одбрана, нагласи портпаролот на Пентагон.

Во меѓувреме, британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека ситуацијата во Украина е „многу, многу опасна“ и, според него, можна е руска инвазија во следните 48 часа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија