Руски новинар обвинет за продажба на дрога

Од:

Руската полиција го обвини новинарот Иван Голунов за обид за продажба на дрога, рече шефот на групата за човекови права на Агора, Павел Чиков.

Чиков, исто така, објави фотографија од полициската изјава во која се наведува дека Голунов се обидел да продава дрога во “големи количини”.

Според најновите информации, новинарот бил пренесен во болница.

Полицијата го уапси Голунов на 6 јуни, откако пронајде пет пакувања прашкаста материја во негова сопственост, додека подоцна тестовите утврдиле дека тоа е мефедрон. Руското Министерство за внатрешни работи во соопштението на крајот од 7ми јуни соопшти дека кокаин бил пронајден во станот на Голунов во Москва.

Претседателот на Рускиот претседателски совет за граѓанско општество и човекови права, Михаил Федотов, рече дека Голунов, познат по своите истраги за случаите на корупција во Русија, можеби бил уапсен поради неговата новинарска работа. Двајцата шефови на полицијата во Москва, Олег Баранов и московската омбудсманка Татјана Потјаева рекоа дека внимателно ќе го следат случајот на Голунов.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски