Руски научници: За три години со Земјата ќе се судри голем астероид

Од:

Руски научници предупредуваат дека кон планетата се движи голем астероид, кој доколку се судри со Земјата ќе предизвика катастрофа со огромни размери.

Станува збор за астеоидот „2014 UR116“, чија што големина не е позната, објави Руската агенција за истражување на космосот, „Роскосмос“.

-Треба да се подготвиме за таква сутуација. Таа ретко се случува, но постои можност- вели Борис Шустов, директор на Институтот за астрономија.

lipunov

Од „Роскосмос“ велат дека се работи за многу поопасен астероид од Апофис кој пред две години падна во Чељабинската област во Русија.

-Се покажа дека тој има пречник од најмалку 370 метри, што значи дека е поголем од Апофис. Тоа значи дека неговиот удар на Земјата и експлозијата ќе бидат многу поопасни од ударот на астероидот во Чељабинска- рече познатиот астрофизичар Владимир Липунов, професор на Моссковскиот државен универзитет, кој прв го забележал астероидот.

Тој истакна дека не се знае кога точно ќе се приближи астероидот, но дека знаат дека се работи за период од три години.

-Тој повторно ќе ја пресече орбитата на Земја, мора да го следиме. Една единствена грешка ќе предизвика катастрофа – додаде Липунов.

Инаку секојдневно кон планетата од Вселената летаат илјадници камчиња, астероиди и комети.

Министерството за вонредни состојби на Русија предложи да се направи федерална научно-техничка програма за создавање национален сегмент за следење и прогноза на опасности од астероиди и комети.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска