Руски медиуми: На проруските сили им се предадоа 700 украински војници

Од:

Во градот Шахтјорск во Доњецката област каде се водат улични борби, се предадоа повеќе од 700 украински војници, јави Итар-Тас повикувајќи се на изјава на командант на армијата на самопрогласената Доњецка нарона република дадена за агенцијата Новоросија.

Засега нема потврда за информацијата од други извори.

Руски медиуми јавуваат дека проруските сили и украинските сили за безбедност продолжуваат во Шахтјорск улични борби и размена на артилериски оган.

– Во градот се уништени голем број куќи, бензиски пумпи и продавници. Луѓе на улиците речиси и да нема, а жителите кои останале се засолнети по подруми и скривници, јавуваат руски медиуми. Пред неколку дена почна силна офанзива на Шахтјорск од север и југ, а цел на украинските сили е опколување на Доњецк и негово блокирање од Лугањската област и Русија.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите