Руски и сириски борбени авиони изведоа најмалку 16 напади врз позиции на ИД во Рака

Од:

Руски и сириски борбени авиони денеска ја гаѓаа Рака, која, де факто, е сириската престолнина на терористичката група Исламска држава, при што во нападите погинале најмалку 23 лица, вклучувајќи и 13 џихадисти.

Како што информира Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон, воздушните напади ги извеле или силите на сириската Влада или руските авиони.

Претседателот на центарот, Рами Абдел Рахман, изјави дека биле изведени најмалку 16 воздушни напади врз позициите на ИД во неколку делови на градот Рака и притоа погинале 13 припадници на ИД и 10 цивили.

Според него, овој биланс на погинати е добиен врз основа на информациите од една болница во областа.

ИД ја освои Рака во јануари 2014 година и од неа ги протера различните бунтовнички групи кои една година пред тоа, пак, од таму ги истераа владините сили, пренесоа француските медиуми.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски