Руски генерал: Ако Западот воведе забранета зона за летови над Украина, ќе ги нападнеме земјите од НАТО

Од:

Русија нема да им дозволи на државите од Северноатлантскиот договор да воспостават зона забранета за летови над Украина, изјави генерал-потполковник на Руската Федерација – Владимир Попов во интервју за руски Инфо24“.

Полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски изјави дека Варшава и нејзините сојузници треба да го разгледаат прашањето за создавање зона забранета за летови над територијата на Украина. Според него, земјите од НАТО веќе неколку пати разговарале за оваа тема, но не успеале да донесат позитивна одлука.

Сикорски нагласи дека Полска може да соборува беспилотни летала над украинска територија доколку Киев го побара тоа, но дека овој проблем бара учество и на други сојузнички земји.

Полска и другите земји-членки на НАТО немаат право еднострано да воспостават зона на забрането летање над територијата на Украина. Формално, тие можат да склучат некаков договор со Киев за помош на земјите-членки на НАТО, но според меѓународното право, ова ќе се смета за саботажа. Тоа би било нелегална употреба на сила против Русија, што ние нема да го дозволиме“ – истакна Попов.

Рускиот генерал додаде и дека обидите на земјите-членки на Алијансата да соборат руски беспилотни летала над украинското небо ќе доведат до одмазда на Москва. Според него, вооружените сили на Русија ќе почнат да уништуваат противвоздушни системи директно на територијата на тие земји.

Би можело да ве интересира

Украина: Руски дронови нападнаa цивилни бродови во Црното Море

Таен состанок во НАТО, ќе се зајакнува военото присуство на Гренланд

Предраг Петровиќ

Захарова: Странските трупи во Украина ќе бидат легитимна мета

Горан Наумовски

Ескалација во реториката: Москва со закани по нападот врз руски танкер

Карлсон со остра оценка: САД се трансформираат во империја

Енергетски притисок кон Русија: Америка воведува 500 отсто царини на руска нафта и гас