Руски Гаспром ќе му ја прекине испораката на гас на главниот сојузник Кина поради годишно одржување

Од:

Руски Гаспром објави дека ќе ја прекине испораката на гас за Кина преку гасоводот Силата на Сибир меѓу 22 и 29 септември поради планираните работи за одржување.

Русија испорачува гас на Кина преку гасоводот на Сибир, а планираното редовно одржување е закажано меѓу 22 и 29 септември.

„Газпром“ објави дека според договорот со кинеската национална нафтена корпорација (ЦНПЦ), вакво одржување се планира двапати годишно, во пролет и наесен, пренесува британски „Ројтерс“. „Газпром“ и „ЦНПЦ“ потпишаа договор за трансфер на плаќањата за испорака на руски гас во Кина во јуани и рубли, наместо во долари, објави руската компанија на почетокот на септември.

Би можело да ве интересира

РИА: Статистиката покажува дека САД се три пати повеќе зависни од увоз од Кина отколку обратно

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски