Руски дрон го погоди седиштето на СБУ во Киев, има повредени

Од:

Руски дрон денеска го погоди седиштето на Службата за безбедност на Украина (СБУ) во Киев, а во нападот има повредени, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски рече дека дронот бил насочен „директно кон канцеларијата“ на вршителот на должноста директор на СБУ, Олександар Поклад. Според него, во нападот има повредени лица, но во првата изјава не го наведе нивниот број.

Подоцна градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека најмалку девет лица биле повредени во киевскиот округ Шевченкивски, по падот на рускиот дрон, а седум од нив биле хоспитализирани.

Пожарот што избил во нестамбена зграда во тој дел од градот бил изгаснат. Кличко додаде дека во објектот дошло до уривање на меѓукатната конструкција и дел од надворешниот ѕид.

„Итните служби продолжуваат да работат на местото на настанот“, наведе градоначалникот на Киев.

Седиштето на СБУ се наоѓа во центарот на Киев, во близина на катедралата „Света Софија“. Според актуелните извештаи, цел на нападот била канцеларијата на вршителот на должноста шеф на СБУ, Поклад, кој во моментот на ударот не бил во канцеларијата.

Би можело да ве интересира

Паника во Минхен: Опасна дива мачка забележана во близина на аеродромот

ВИДЕО: Зеленски тврди дека Русија ги нападнала бродовите во бугарски води, Софија не потврдува

ВИДЕО: Русија го напдна Киев со ракети и дронови, двајца мртви

Трамп за масовните протести во Франција: „Исламот сака да ја преземе некогаш големата земја“

Русија тестира необична одбрана од украински дронови: Балони треба да ги соборуваат од небо

Предраг Петровиќ

Русите продолжуваат со нападите врз украинските мостови