Руската Федерација официјално е исклучена од Советот на Европа

Од:

На вонреден состанок, Комитетот на министрите на Советот на Европа одлучи, според постапката започната според член 8 од Статутот на Советот на Европа, Руската Федерација да престане да биде членка на Советот на Европа од денес, 26 години по нејзиното пристапување, јави дописникот на МИА.

На 15 март, Парламентарното собрание едногласно усвои Мислење кое смета дека Руската Федерација повеќе не може да биде членка на Организацијата.

Истиот ден, Владата на Руската Федерација го информираше генералниот секретар за нејзиното повлекување од Советот на Европа во согласност со Статутот на Советот на Европа и за нејзината намера да се откаже од Европската конвенција за човекови права.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Русија го нападна Трамп: Ги крши меѓународните трговски правила

Русија: Подготвени сме за сериозни преговори

А1он

(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“

Русија забележа рекордно време за чекање во јавниот превоз