Руската армија потврди дека извршила напади врз украински енергетски капацитети

Од:

Руското Министерство за одбрана денеска ги потврди ракетните напади врз енергетски капацитети на Украина, како и врз воени инсталации, извршени со прецизни проектили истрелани од авиони-бомбардери и од воени бродови.

„Утврдените цели на нападите беа постигнати. Сите целни објекти беа погодени“, реферираше портпаролот на Министерството за одбрана, Игор Конашенков.

Низ Украина и изутринава беа активирани алармите за воздушни напади, поради десетина ракетни напади извршени во повеќе региони. Според Киев, украинските противвоздушни сили успеале да соборат поголем дел од ракетите, а бил употребен и германскиот систем „ИРИС-Т“ што демонстрирал стопроцентна успешност во уништувањето на предвидените цели. Украина уште еднаш побара испорака дополнителни такви противракетни системи.

Цел на руските напади биле и хидроцентралите, важни за одржувањето на системот за снабдување со електрична енергија. Поради нападите имало прекин во испораките струја, а проблеми имало и во водоснабдувањето на главниот град.

Според Конашенков, руските трупи успеале да одбијат низа поединечни напади на украинските сили во регионите Луганск и Херсон. Во регионите Доњецк и Херсон биле уништени четири складишта за муниција и неколку беспилотни летала, информација што не е потврдена од независни извори.

Неколку седмици руските сили ракетираат цели во Украина, со напади во раните утрински часови кога има раздвиженост низ населените места. Во нападите беа регистрирани загинати и ранети. Нема информации за жртви во денешните ракетирања.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски