Руска фрегата во пламен по украински напад во Црно Море со ракета „Нептун“

Од:

Руска фрегата е запалена во Црното Море откако била погодена од украински проектил, наведуваат извештаите на украинските медиуми, иако инцидентот не е потврден од Москва и само индиректно од Киев, пренесе ДПА.

Интернет страницата „Думскаја.нет“ со седиште во Одеса денеска објави дека брод од серијата „Проект 11356 Буревестник“ бил во пламен во близина на Змискиот остров, откако бил погоден со ракета „Нептун“, истрелана од украинска територија.

Иако Украина не го потврди инцидентот, Генералштабот на армијата го зголеми бројот на руски бродови што се уништени од почетокот на инвазијата на Кремљ врз земјата, а откако „Думскаја. нет“ сподели сателитски снимки на кои се гледа брод во пламен.

Засега не е можна независна потврда на пожарот на бродот, додава ДПА.

„Буревестник“ е релативно нов вид на брод, што и беше додаден на руската флота во 2016 година. Се верува дека во моментов три вакви фрегати се наоѓаат во Црното Море.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите