Русите жесто ја нападнаа Украина: седуммина повредени, оштетени згради и болница

Од:

Седум лица се ранети, а станбени згради и болница се оштетени во руски воен напад со наведувани воздушни бомби во градот Семенивка во регионот Чернигив, објави на Фејсбук началникот на регионалната воена управа на Чернигив, Вјачеслав Чаус.

– Вечерта на 4 јануари Русите фрлија 4 воздушни бомби со наведување на пограничниот град Семенивка. Го таргетираа централниот дел, станбена зона – напиша тој. Според првичните информации седум лица се ранети на кои им била укажана потребната помош.

Оштетени се станбени згради, болница, административна зграда, кафуле, како и цивилни автомобили.

– Акциите за пребарување и спасување се во тек. На лице место работат сите потребни специјалци – рече Чаус.

Како што беше соопштено, вчера руските војници 95 пати ја погодија границата на регионите Чернихив, Харков и Суми, регистрирани се вкупно 246 експлозии, пишува Укринформ.

На местото на рускиот воздушен напад врз станбениот сектор на селото Свеса во областа Сума, завршени се итните работи за спасување и други работи, објави на Фејсбук Државната служба за вонредни ситуации, а пренесува Укринформ.

Областа Чернихив, лоцирана на северната граница на Украина со Русија, беше делумно окупирана за време на раните фази на целосна руска инвазија во февруари 2022 година.

Иако руските сили се повлекоа од регионот во април 2022 година, Чернихив сè уште е под речиси секојдневни напади поради неговата близина до границата, пишува Киев Индипендент.

Би можело да ве интересира

Зеленски: 980.000 украински војници пукаат на Русите

Русите тврдат дека целосно го зазеле градот Курахово

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Апокалиптични сцени во украинскиот Торек: Фронт во центарот на градот, Русите и Украинците се борат за секоја куќа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украина почна ненадејна контраофанзива во Курск

Катерина Ѓуровски

Русите влегоа во Петропавловка

Целосен колапс на украинската армија: Одбраната „пука“