Русите зазедоа важно упориште во правец на Купјанск

Од:

Руската армија зазеде многу важно упориште на насоката Купјанск на фронтот и ги одби контранападите на украинските сили, изјави шефот на прес-центарот на руската воена група „Запад“ Сергеј Забински.

Пробивот го направи 20-та руска комбинирана армија, која во нападот ликвидираше повеќе од еден вод украински сили, а во исто време уништи и оклопно возило „макспро“ од американско производство.

Набргу потоа, украинските сили се обиделе да изведат три контранапади, но руската армија ги одбила сите три напади.

Исто така, за време на одбранбените операции, руските артилериски сили успеаја да ја уништат украинската хаубица М-777, самоодната артилерија „гвоздика“ и еден минофрлач.

Би можело да ве интересира

Клучен разговор меѓу Трамп и Путин денеска

Макрон: Не ни треба руска дозвола за испраќање војници во Украина

Трамп утре ќе разговара со Путин за завршување на војната: „Веќе договараме за поделба на ресурси“

Катерина Ѓуровски

Москва предупредува: Времето истекува

На Москва не и се допаѓа специјалниот пратеник на Трамп за Украина и Русија

ВИДЕО: Украинците повторно нападаа рафинерија во Русија