Во текот на ноќта руските противвоздушни системи (ПВО) уништиле и пресретнале 16 украински беспилотни летала над регионите Белгород, Брјанск и Ростов, соопшти руското Министерство за одбрана.
Во соопштението се прецизира дека 13 украински беспилотни летала биле соборени над територијата на регионот Брјанск, два над територијата на Ростовската област и еден над Белгородската област, пренесува Тасс.
Шефот на областа Брјанск, Александар Богомаз, изјави дека нема жртви во овие напади во регионот и дека оперативните и итните служби работат на теренот, пренесува руската агенција.