Русите сметаат на сите опции

Од:

Политика – Белград

Руските борбени авиони „Су-34‟, „Су-30‟ и „Су-24‟ во базата Хамејмим кај Латакија на краевите на крила имаат контејнери со електронска опрема. Бидејќи целите на земја ги гаѓаат од висина од над 5.000 метри, што е недостижна висина за портаблот на ПВО ракетите, кои се испалуваат од рамо, контејнерите со електронска опрема се предвидени во случај ако спонзорите на Исламската држава, Фронто ал Нусра или сириската „умерена опозиција‟ на своите штитеници им достават ракети со радарско наведување.

А тоа веќе би била сериозна состојба, која Западот, за сега се уште ја избегнува, бидејќи како да и се објасни на светската јавност дека Исламската држава, на пример, на руските авиони лансирала ракета од типот „Хоук‟?

Сепак, Русите во Сирија сметаат на сите опции. Додека руската авијација постепено го зголемува бројот на борбените летови затоа се уште има „исплатливи цели‟ – што повторно го наметнува прашањето што Американците бомбардираа една година – сириската копнена војска ја продолжува својата внимателна офанзива.

Територијално гледано, сириската војска го држи крајбрежниот дел на државата, меѓу Хама и Хомс има се уште подрачја под контрола на Слободната сириска армија, како и на северот покрај турската граница и на југот покрај границата со Јордан.

Поголемиот дел од појасот покрај границата со Турција го држат Курдите, а дел Исламската држава. На еден дел од таа граница, меѓу Курдите и Исламската држава, се стационираа силите на Слободната сириска армија.

Подрачјето покрај границата со Либан го држи Хезболах, кој им помага на силите на Башар ел Асад. Терористичкиот фронт Ал Нусра е распореден северно и источно од Хомс, југоисточно од Дамаск и околу Алепо.

Исламската држава контролира и поголеми подрачја на Сирија во источните и североисточните делови на земјата, но тоа се слабо населени предели.

Главно, сириската војска настојува да ги отстрани противниците од границата со Турција и Јордан, бидејќи преку тие граници доаѓа помош и поддршка и на Исламската држава, на Ал Нусра и на „умерената опозиција‟.

Борби се водат и во провинцијата Хама, каде се ангажирани 87 механизирани бригади и 11 оклопни дивизии на сириската војска, како и 106 механизирани бригади на Републиканската гарда.

Началникот на Генералштабот на сириската војска, генерал Али Абдулах Ајуб изјави дека „противниците масовно бегаат пред ударите на 4-от Јуришен корпус, а дека терористите од фронтот Ал Нусра и Ахрар ал Шама користат артилерија и американски противтенковски ракети „Тоу‟.

Силите на сириската војска имаат многу големи загуби, бидејќи терористите организираат снајперски заседи во разурнатите градови. Сириската војска се уште не основала здружени сили на борбените, оклопните, инжинериските и лесните пешадиски едици, кои би оделе пред тенковите и специјалците за „чистење‟ на зградите. Модел на јуришни тимови се уште не постои.

Сириските генерали, за сега се задоволуваат со опколувачки маневри, со заштита и уништување на комуникациите, како и со артилериски и воздушните удари. Употребата на тенковските единици во градовите досега беше погрешна, веројатно Русите ќе им дадат корисни совети врз основа на искуството од Чеченија.

Не е познато дали Сиријците имаат на располагање беспилотни летала за извидување во градските борби. Сириската војска не располага ни со телевизиски, ни со ласерски системи за откривање на рамните површини на оптиката на снајперските пушки.

Во деловите на Алепо кои се уште го држат противниците на Башар ел Асад, изграден е широк појас со бункери, противтенковски ровови и скривници, а сето тоа е поделено на четири одбранбени зони.

Сириската војска има само две можни сценарија за целосно освојување на Алепо: општ напад на градот, т.е. на деловите кои ги држи противникот или долготрајна блокада со целосно затварање на обрачот околу градот, како и понатамошни артилериски и воздушни напади. Императив е да се задржи темпото на настапување и борбената иницијатива, ако се сака да се добие војната во Алепо.

А ако Башар ел Асад сака да победи во оваа војна, мора да покаже одлучност. А ако победи, мора да покаже и великодушност. И тоа е единствената формула на некакво идно сириско помирување.

И додека „Ту-154‟ забрзано фаќа висина над морето кај Латакија, а секое полетување е во правец на морето за да се избегне дострелот на терористичките ракети, чувствував дека ми недостасуваат барем уште неколку дена престој.

Се обидов да се откажам, но руските офицери ми велат дека и тие не знаат кога ќе биде следниот лет со кој ќе можам да заминам во Москва. Можеби утре, а можеби дури за 20 дена. Дојдовте со нас, со нас и ќе заминете. Од Латакија нема цивилни летови… 

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски