Русите си бараат излез

Од:

Би-Би-Си – Лондон

Ако Русија ги вознемирува своите соседи со активностите во Украина и со својата антизападна реторика, многу Руси исто така се вознемирени со зголемената атмосфера на воинствен национализам. Некои се подготвуваат да се заминат, открива Керолајн Вајат од Би-Би-Си, поранешен дописник од Москва – а некои веќе и си заминале.

Москва е наубава во мај, кога вообичаено забранетото пространство на Црвениот плоштад се капе во сонце, а прекрасниот мирис на лилјаните во воздухот лебдат над налудничавите спрали како сладолед на катедралниот храм Свети Василиј. Туристи од Руската федерација насмеани прават семејни фотографии пред црквата, која била изградена за да ги одбележи воените победи на Иван Грозниот.

Ракетните лансери и покажувањето на воената моќ на прославата на Денот на победата во Европа, завршија. И наместо воени оркестри, небесниот звук од црковен православен хор го исполнија плоштадот, а посетителите застанаа да слушаат. Единствен потсетник дека не е се баш толку сончево како што изгледа е венец од свежи летни китки цвеќе оставени со на рака напишана порака на мостот – во спомен на рускиот опозициски лидер Борис Немцов, кој беше убиен токму на ова место само пред неколку месеци.

Се сретнав со стар пријател во кафе бар на тераса која некогаш била испразнетата советска стоковна куќа Гум. Сега е тоа храм на конзумеризам кој не заостанува зад Париз, Лондон или Милано. Излозите се расцветани со облека во пастелни бои од сите луксузни брендови. Тешко можев да го воздржам моето изненадување кога келнерот ми посака добар ден со насмевка која изгледаше токму онака како и го мислеше тоа што ми го кажа.

Не го знам ова место, толку е различно. Улиците повеќе не се изровани, ниту пак задушени со сообраќај. Во одот на луѓето може да се забележи нова самодоверба. И покрај западните санции заради Украина, полиците во супремаркетите се се уште полни, а и кафе баровите исто така.

Но додека седиме и го тегнеме кафето, потсетувајќи се на старата Москва, одеднаш се потсетив на нешто додека мојот пријател се вртеше наоколу за да биде сигурен дека никој не не слуша.

– Го испратив семејството надвор да живее, ми вели тој. „Така е најдобро, продадов се, и сега се возам со јавниот превоз. Здравствениот систем тука се распаѓа, исто како и училиштата. Санкциите почнаа да гризат, но не е заради нив – тоа е всушност заради политичката атмосфера. Се се закочи и станува уште полошо. Никој не знае што следно ќе се случи, но ова сега не изгледа како добро место за либерали“.

Не можев да се сопрам а да не се пошегувам, за да ја опуштам атмосферата… Либералите бегаат, грижи заради здравствениот систем? Зошто, ова ми звучи баш британски. Но мојот пријател не се смее – ниту пак јас, затоа што се сетив на неговиот оптимизам во врска со иднината на неговата земја од пред 15 години. За еден највисоко образован човек да го испрати своето семејство надвор, тоа не е лесен чекор.

Подоцна се сретнав со Оља во паркот, и седнавме на клупа облеана со раното летно сонце. Топло е, но небото се затемнува. Купишта облаци со сивилото навестуваат олуја. И Оља носи тага во очите додека ми зборува како се подготвува да емигрира – ако може. И таа е позната, многу квалификувана московјанка од средната класа, со пристојна работа и сигурна иднина.За Оља, економските стравови не се она што ја тераат да замине, туку е тоа се поголемото чувство на затегнатост.

– Не знам дали вие во Англија ја знаете приказната за жабата која седи во тенџере со топла вода ставено на шпорет. Среќна е. А потоа некој ја вклучува ринглата под тенџерето и водата постепено почнува да се загрева. Жабата е среќна, убаво и е. Но наскоро водата почнува да врие – и таа најверојатно нема навреме да излезе, затоа што не сфаќа што се случува. Се плашам дека сум јас таа жаба – заробена во тенџерето кое врие, и не можам да излезам“.

Стравовите на Оља растат онака како што проблемите во Украина спирално преминаа во конфликт, создавајќи огнени јазови кои го разделило нејзиното семејство – и на многу други. „Некои мислат дека Америка ќе го искористи она што се случува во Украина за да ја нападне Русија – и велат дека ние треба први да нападнеме затоа што е тоа најдобриот начин на одбрана“, ми кажува таа. „Се што сакам е да си најдам место на земјава каде сите ги познаваат законите и ги почитуваат, и каде нема корупција. Преку глава ми е од тоа. И уморна сум да се расправам во врска со Украина. Она што таму се случува е налудничаво, и страшно е што тоа може да доведе до тотална војна. Се што сакам е мало парче земја каде е мирно и тивко“.

Се сеќавам на оние разговори кога слушнав како претседателот Путин одговори на обвинувањата за корупција во ФИФА. Тој ја обвини Америка дека се ова политички мотивирани апсења со цел да и се одземе светскиот фудбалски куп во 2018 година на Русија.

Прашав друга пријателка, Тања, што мисли таа за сето ова. „Овој воинствен вид на патриотизам денес е насекаде во Русија“, рече таа зборувајќи тивко, додека страсно вовлекуваше од цигарата. „Цело време го слушаме тоа на вестите. Се се интерпретира дека е со цел против Русија. Тоа е апсурд. Американците не си ги трошат животите смислувајќи работи против нас, но властите тука мислат и зборуваат како да го прават тоа. И многумина веруваат во тоа. Реториката денес е како од друго доба – од советското доба. Се чувствувам како секој ден да ме прашуваат да изберам помеѓу тоа да се биде вистински патриот или да ја напуштиме Русија. Не си одам. Јас сум русинка и ја сакам мојата земја. Но понекогаш мојата земја е тешко да биде сакана“.

Тања и нејзиниот сопруг ставаат пари на страна за нивните ќерки, за по неколку години девојките да можат да патуваат, а можеби и да студираат во страство.

– Ако тогаш нашите граници се уште бидат отворени, додава Тања со воздишка. „Се сеќавам на Советскиот сојуз – сите бевме заробени и не можевме да избегаме. Сега тоа чувство пак расте. И се надевам дека нема пак да се повтори“.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски