Руската компанија ВПК, која што се занимава со производство на воени оклопни возила, го направи првото руско теренско возило за евакуација на болни луѓе, кое има вграден апарат за вештачка вентилација.
Станува збор за медицинска варијанта на теренското возило Ирбис, кое служи за движење и по снежен и по каллив терен и кое е снабдено со опрема за интензивна нега. Во возилото има вградено и респиратор.
Произведувачот истакнува дека медицинските работници со ова ќе можат да им укажат помош на пациентите и додека „коронатенкот“ е во движење.