Русите ја нападнаа Одеса: Користеа дронови, ракети, подморница…

Од:

Русија повторно го нападна регионот Одеса во јужна Украина користејќи 19 беспилотни летала и 14 ракети, при што рани едно лице е рането, а оштетена е пристанишна инфраструктура, соопштија утрово украинските власти.

„Москва го нападна регионот Одеса со офанзивни беспилотни летала и два вида ракети. Една жена е ранета и пренесена во болница, а извршени се неколку удари врз пристанишните објекти“, објави гувернерот Олег Кипер на Телеграм.

Според украинската армија, Русија во нападот користела 19 беспилотни летала Шахид од иранско производство, две суперсонични ракети Оникс и 12 ракети Калибр.

„Мобилизираше и подморница. Украинската противвоздушна одбрана ги собори сите беспилотни летала и 11 проектили Калибр. Две проектили Калибр од вкупно 11 беа уништени во регионите на Миколаев и Кировград, а поголем број над Одеса“, соопшти војската.

Еден проектил погодил празен магацин за жито во Одеса, изјави Наталија Хуменјук, портпаролка на војската. Руските сили редовно ја таргетираат јужна Украина на Црното Море, каде што се наоѓа важна пристанишна инфраструктура за поморска трговија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната