(ВИДЕО) Одмазда на Русија, има мртви и ранети

Од:

Веднаш откако Украина се согласи на 30-дневен прекин на огнот во преговорите со САД во Саудиска Арабија, Москва започна масовни напади, насочени кон пристаништето Одеса, Криви Рих и Днепропетровск. Русија во средата вечер изврши балистички ракетен напад врз комерцијалното пристаниште Одеса. Во нападот загинаа четворица членови на екипажот на странскиот брод.

Околу 20:15 часот во Одеса беше прогласена тревога за воздушен напад, а само неколку минути подоцна силна експлозија го потресе градот. Украинските воздухопловни сили потврдија дека Русите лансирале балистичка ракета кон градот.

– Според првичните информации, загинале четворица членови на екипажот на бродот „МЈ Пинар“, а уште еден морнар е повреден. Повреден е и работник на навигациската служба кој бил на бродот, соопшти Украинската управа за поморски пристаништа.

Во моментот на нападот, бродот „МЈ Пинар“ товарел пченица за извоз. Прелиминарните извештаи покажуваат дека меѓу жртвите има тројца Сиријци и еден Украинец.

Дополнително, руските сили ја уништија инфраструктурата во Днепропетровск. Оштетени се и две приватни куќи. Според прелиминарните информации, во регионот биле соборени 12 од 20 дронови. Во Днепропетровск оштетени се околу 10 куќи, а искршени се прозорци на градинка и училиште.

Неколку експлозии го потресоа Криви Рих во областа Днепропетровск во средата наутро. Познато е дека е погоден инфраструктурен објект. Засега е потврден еден смртен случај, пишува „Киев пост“.

Од ракетниот напад загина 47-годишна жена. Уште две лица се повредени и хоспитализирани.

Во текот на ноќта, системи за противвоздушна одбрана беа активни и во регионот на Киев. Пожарите се предизвикани од соборувањето на руски беспилотни летала, кои запалиле станбена зграда и продавница за мебел.

– Нема жртви – соопшти Државната служба за вонредни состојби на Украина.

Во руските напади низ Украина во изминатиот ден загинаа најмалку 14 цивили, а повредени се најмалку 33, објавија регионалните власти на 12 март. Меѓу жртвите има деца и сириски членови на екипажот на трговски брод во Одеса, пишува „Киев Индипендент“.

Доцна вечерта во вторникот, Украина се согласи со американскиот предлог за привремен прекин на огнот со Русија на 30 дена, додека администрацијата на Трамп ќе ги укине ограничувањата за воена помош и споделување разузнавачки информации.

Би можело да ве интересира

Се урна руски воен хеликоптер, загина екипажот

Украина: Русија нема планови за намалување на воените операции

(ВИДЕО) Голем украински напад со беспилотни летала врз Русија и Крим

Залужни: Украина не може да ги врати своите стари граници

Горан Наумовски

Лавров: Русија ќе му достави на Киев нацрт-договор за прекин на огнот по размената на затвореници

Двајца загинати, седум повредени во руски балистички ракетен напад врз Одеса