Русин уапсен во Чешка поради хакерски напади во САД

Од:

Чешката полиција уапси еден руски државјанин поради наводна поврзаност со хакерските напади на цели во САД, соопшти денеска полицијата.

Апсењето е извршено во соработка со американското Федерално истражно биро, додаде полицијата.

Интерпол издаде т.н. црвена потерница по маж, барајќи негово апсење, објавено е на сајтот на полицијата.

Осомничениот, чие име не е познато е уапсен во еден хотел во Прага, а полицијата истакна дека тој за време на апсењето се онесвестил и оти е хоспитализиран.

Судот во Чешка ќе одлучува за неговата екстрадиција.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје