Русин и Американец со балон уриваат рекорди за издржливост

Од:

Двајца авантуристи кои со балон тргнаа од Јапонија со намера да го надлетаат Тихиот Океан, веќе соборија светски рекорд, иако не се ни приземјени.

Американецот, Трој Бредли, и Русинот, Леонид Тјухтаев, „двата орла“ во вторникот го урнаа поранешниот рекорд од минати 8.467 километри со балон,а наскоро ќе го урнат и рекордот за најдолго поминато време во балон, што до сега изнесуваше 137 часа.

Авантуристите на почетокот планирале да се приземјат во Канада, но заради временските непрлики го промениле курсот на патувањето, па така на крајот сега нивната цел е Баа Калифорнија, во Мексико.

И покрај скромните услови во капсулата, Бредли и Тјухтаев се добри и живеат од готови суви производи.

На височина од 4.500 метри, пилотите имаат маски за кислород и за да се заштитат од студот завиткани се со посебен прекривач. Температурата во нивната капсула со денови го нема надминато десетиот степен Целзиусов.

Пилотите мораат да бидат одлично физички подготвени за да издржат неколку дена во капсулата, со малку сон и со ограничено количество кислород.

Покрај обидот за уривање на рекордот, летот е важен и за истражувачите од Унвиерзитетот Аризона кои ги проучуваат последиците на заморот врз когнитивните способности.

Во зависност од ветерот, можно е пилотите да мора да останат во воздухот и десет дена, што е крајна граница на можноста на балонот, соопшти тимот.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ