Русија забрани влез за Штефан Филе и Карел Шварценберг

Од:

Русија им забрани влез на нејзина територија на чешките политичари Карел Шварценберг, Штефан Филе, Марк Женишек и Јаромир Штетина, јави дописникот на МИА од Прага.

– Тоа е еднострана декларација од руската страна. Ние тоа го гледаме како листа која нема никаква меѓународна правна рамка. Не ни е јасно зошто се ставени имињата на чешките политичари и ќе побараме објаснување од руската страна, изјави портпаролката на чешкото Министерство за надворешни работи Михаела Лагронова.

На руската листа за санкции се вкупно 89 европски политичари и дипломати.

Според претседателот на чешката Влада, Бохуслав Соботка на таквата забрана треба да даде единствен одговор Европската унија.

Карел Шварценберг е поранешен министер за надворешни работи и актуелен претседател на Парламентарната комисија за надворешни работи. Шварценберг долго време ја критикува Русија за односите со Украина.

– Кога ги видов другите имиња видов дека сум во добар клуб и сметам дека тоа за мене е награда, изјави Шварценберг.

Женишек, кој е исто така на рускиот список е член на Парламентарната комисија за европски прашања и на Парламентарната делегација при ОБСЕ и тој смета дека тоа што е на рускиот список е доказ дека ја работи својата работа добро.

Во Русија не смее да отпатува ниту поранешниот еврокомесар за проширување и соседска политика Штефан Филе кој рече дека „да се најде на списокот со други 88 политичари од ЕУ кои му лежат на желудникот на Владимир Путин за него е чест“.

–  Навистина ме интересира кои мои изјави или ставови му пречат на Владимир Путин за да ги повторувам почесто, рече Филе.

На списокот е и европратеникот Штетина кој лани во февруари ги следеше протестите во Украина.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он