Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот за ратификација на Договорот за сеопфатно стратешко партнерство со Иран.

Како што се наведува во документот, двете земји ќе се залагаат за продлабочување и проширување на односите во сите области од заеднички интерес, зајакнување на соработката во областа на безбедноста и одбраната и тесно координирање на активностите на регионално и глобално ниво, „што е во согласност со долгорочно, сеопфатно и стратешко партнерство“.

Договорот беше потпишан на 17 јануари, за време на посетата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан на Москва, пренесува Телеграф.

Минатата недела иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи беше во официјална посета на Москва, каде што се сретна со Путин.

Според Арагчи, со рускиот лидер разговарал за индиректни преговори меѓу Иран и САД, како и за голем број други прашања.

По разговорите со Путин, тој разговараше и со неговиот руски колега Сергеј Лавров.

Би можело да ве интересира

Техеран ѝ се заканува на Европа: Земјите што ќе обезбедат бази за напади врз Иран ќе бидат цели

Русија изврши масовен напад врз Киев и неколку украински региони, оштетени се три моста

Горан Наумовски

Багаеи: Лажни се извештаите дека Иран развива биолошко оружје

Зеленски: Постои огромна шанса за мир доколку САД навистина извршат притисок врз Путин

Трамп се соочува со тешка одлука

Американската воена операција против Иран достигна цена од над 44 милијарди евра