Русија: Украински дрон се урна во близина на најголемата нуклеарна централа во Европа

Од:

Украинско беспилотно летало се урна покрај окупираната нуклеарна централа Запорожје, објави руската агенција РИА, повикувајќи се на изјава на руски офицер. Денеска, шефот на Агенцијата за атомска енергија на ОН треба да ја посети Русија за да разговара за безбедноста на таа нуклеарна централа.

Рафаел Гроси, шеф на Меѓународната агенција за атомска енергија, денеска треба да пристигне во руската ексклава Калининград. Посетата треба да дојде една недела откако тој ја посети нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина, која е под контрола на руските сили од првите недели од војната. Инаку, тоа е најголемата нуклеарна централа во Европа.

Според руски воен офицер цитиран од РИА, беспилотно летало од полско производство тешко повеќе од два килограми се урнало во близина на електраната. Агенцијата не соопшти кога дошло до наводниот пад.

Гроси, да потсетиме, се залага за демилитаризирана зона околу најголемата нуклеарна централа, околу која од почетокот на руската окупација во неколку наврати паднаа гранати. Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на областа на нуклеарната централа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски

Жестоки реакции за рускиот напад на Суми: „Варварски чин“

ВИДЕО: Снимен моментот на ударот во Суми

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Над 30 мртви во масакрот во центарот на Суми

ВИДЕО: Страотен руски напад на Суми, има мртви

Катерина Ѓуровски