Русија: Украина ги одолговлекува преговорите за безбедносна зона околу нуклеарката Запорожје

Од:

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков тврди дека Украина ги одложува преговорите за создавање безбедносна зона околу нуклеарната централа Запорожје, пишува Си-Ен-Ен.

„Процесот на преговори не е лесен. Ги проследивме нашите предлози до Рафаел Гроси, генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија. Колку што знаеме, Киев сè уште не дал јасен одговор на иницијативата на шефот на МААЕ. Се чини дека одолговлекуваат“, изјави Рјабков во интервју за РИА Новости.

Украина постојано ги обвинуваше руските сили дека складирале тешко оружје во комплексот и го користат како покритие за напади, знаејќи дека украинските сили не можат да возвратат на оган без да ризикуваат да погодат еден од реакторите. Рјабков, од друга страна, го обвини Киев „за користење на овој објект за нуклеарна уцена“ и тврди дека МААЕ нема право да се меша во безбедноста на нуклеарната централа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск