Русија тврди дека е подготвена за соработка со Берлин за „случајот Навални“

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Москва е подготвена да соработува со Берлин 24 часа на ден за случајот со труењето на рускиот опозиционер и блогер Алексеј Навални, кој се лекува во Германија.

Во изјава за руската телевизија „Русија 24“, Захарова рече дека Берлин треба да покаже „оперативна ефикасност“ во врска со тој случај.

– Подготвени сме да соработуваме со германската страна 24 часа на ден, истакна Захарова.

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас предупреди дека доколку од Москва нема поддршка во истрагата за труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, Берлин би можел да биде принуден да ја преиспита судбината на германско-рускиот проект за изградба на гасоводот „Северен поток 2“.

„Се надевам дека Русите нема да не принудат да ја смениме позицијата во врска со гасоводот „Северен поток 2“, што се гради под Балтичко Море“, изјави Мас за германскиот неделник „Билд ам Зонтаг“.

Мас додаде дека Германија ќе мора да одржи консултации со своите партнери доколку во следните неколку дена нема руски придонес во истрагата во врска со „случајот Навални“.

Тој не ја исклучи можноста за воведување санкции против Русија.

Би можело да ве интересира

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски