Русија: Тајно префрлување на Скрипал ќе се смета за киднапирање

Од:

Руската Амбасада во Лондон соопшти дека секакво преместување на Сергеј и Јулија Скрипал на тајна локација ќе го смета за киднапирање на свои државјани.

Доколку тие бидат порефрлени на тајна локација, ќе пропадне шансата да се слушне нивната верзија за случувањата, соопшти руската Амбасада во Лондон.

– Светот, ако нема можност да стапи во контакт со нив, ќе има причина тоа да го смета како киднапирање на двајца руски државјани или, во најмала рака, нивна изолација, пишува на Интернет страницата на руската Амбасада во Лондон.

Ќерката на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал, Јулија е пуштена од болница во Британија во која зедно со татко и во критична состојба беше префрлена на 4 март, по труење со нервен агенс, соопшти претходно болницата во Солсбери.

Директорката на болницата Кристин Бланшард ги потврди наводите на британските медиуми дека Јулија Скрипал (33) е отпуштена од таа здравствена институција, но не прецизира кога излегла. Би-Би-Си претходна јави дека Јулија Скрипал била пуштена од болница доцна синоќа.

„Сандеј тајмс“ изминатиов викенд информира дека Велика Британија разгледува можност на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, кои неодамна беа отруени, да им понуди нов идентитет и живот во САД во обид да ги заштити од евентуален повторен обид за убиство.

Според весникот, претставници на британската разузнавачка агенција МИ6 разговарале со колеги во ЦИА во врска со преселување на семејството Скрипал. Неименуван извор соопштил дека ним ќе им бидат понудени нови идентети.

Весникот додаде дека добро упатени извори веруваат оти Британија сака да им обезбеди сигурност со што ќе ги пресели во една од петте земји членки на договорот за размена на разузнавачки податоци меѓу кои се САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје