Русија: Сведокот за уривање на МХ17 од украински воен авион мина на детектор за лаги

Од:

Руската телевизија РТ објави дека руската истражна комисија ја потврди изјавата на Украинецот, кој тврди дека украински воен авион во јули го урнал Боингот 777 на „Малезија ерлајнс“, за што Западот ги обвинува проруските бунтовници.

Портпаролот на комисијата Владимир Маркин денеска соопшти дека неименуваниот сведок го минал тестирањето на детектор за лаги. Сведокот тврди дека на денот на падот на летот МХ17 забележал украински авион Волошин, опремен со проектил Р-60, за кои нема потреба при редовни воздушни мисии, бидејќи прорските сили немаат воздушни сили, пренесува Танјуг.

Според Маркин сведокот ќе биде ставен под заштита, бидејќи постои опасност по неговиот живот.

РТ навдува дека украинската безбедносна служба денеска потврдила дека во нивните вооружени сили има еден Волошин, но нагласиле дека тој не летал на денот на уривањето на малезискиот авион.

Кремљ минатата недела објави сателитски снимки на кои наводно се гледа како украински авион испукува проектили на МХ17, што Западот го отфрли како обид за тргање на вниманието од Русија.

Би можело да ве интересира

Волкер: Трамп е решен да стави крај на војната во Украина

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Уапсени се украински команданти поради лошо организирана одбрана

Горан Наумовски

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата