Русија: Спречивме упад на украински саботери во југозападниот дел на земјата

Од:

Руските сили спречија обид на украинска диверзантска група да влезе во југозападна Русија, тврди регионалниот гувернер.

Во објава на Телеграм, гувернерот на Брјанск, Александар Богомаз, тврди дека руските власти „спречиле обид на украинска диверзантско-извидувачка група да премине на територијата на Руската Федерација во пограничната област Севски во областа Брјанск“.

Оружјето и муницијата „оставени од саботерите се пронајдени на местото на судирот“, додаде тој.

Украина не го коментираше наводниот инцидент. Брјанск, кој граничи со северна Украина и источна Белорусија, претходно беше цел на прекугранични напади.

Би можело да ве интересира

Клучен разговор меѓу Трамп и Путин денеска

Макрон: Не ни треба руска дозвола за испраќање војници во Украина

Трамп утре ќе разговара со Путин за завршување на војната: „Веќе договараме за поделба на ресурси“

Катерина Ѓуровски

Москва предупредува: Времето истекува

На Москва не и се допаѓа специјалниот пратеник на Трамп за Украина и Русија

ВИДЕО: Украинците повторно нападаа рафинерија во Русија