Русија се откажа од мировните преговори со Јапонија поради Украина

Од:

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Москва се откажува од мировните преговори со Токио поради непријателскиот став на Јапонија кон Русија.

– Русија нема намера во сегашните околности да ги продолжи преговорите со Јапонија за мировен договор … невозможно е да се разговара за потпишување фундаментален документ за билатерални односи со држава која зазема отворено непријателски став и се обидува да им наштети на интересите на Русија, се наведува во соопштението на руското МНР.

Јапонија им се придружи на западните земји изминатите недели во воведувањето строги економски санкции кон Москва поради офанзивата врз Украина, што почна на 24 февруари.

Русија и Јапонија по Втората светска војна не потпишаа мировен договор поради спорот за Курилски Острови. Советскиот Сојуз ги анектираше Курилските Острови на 18 август 1945 година, три дена по капитулацијата на Јапонија, врз основа на претходна одлука на големите сили на антихитлеровата коалиција.

Русите ги нарекуваат Курилските острови, Јужни Курили, а Јапонија – Северни територии. Советскиот лидер Никита Хрушчов им понуди на Јапонците два острова, но тие инсистираа да им бидат вратени сите четири.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Волкер: Трамп е решен да стави крај на војната во Украина

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Уапсени се украински команданти поради лошо организирана одбрана

Горан Наумовски

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата