Русија се огласи за Северен тек: Ова мириса на монструозно злосторство

Од:

Помошник на украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Киев „апсолутно не бил вклучен“ во нападите на гасоводот „Северен тек“ и дека нема информации што се случило откако „Њујорк тајмс“ објави дека американските разузнавачи сугерирале дека нападот бил извршен од проукраинска група.

„Без сомнение, Украина апсолутно не е вмешана во ексцеси на гасоводот“, изјави Михајло Подољак за Ројтерс. „Тоа нема ни трошка смисла“, нагласи тој. Тој додаде дека Украина нема информации за тоа кој е вмешан.

Во меѓувреме се огласи и Русија. Тие одговорија на дел од објавениот напис во кој се вели дека нема докази дека владата во Киев била поврзана со група која би можела да стои зад нападот.

Медиумските извештаи за нападите на гасоводите „Северен тек“ се координиран обид да се сврти вниманието и Кремљ е збунет како американските власти можат да претпостават нешто за нападите без истрага, соопшти Кремљ.

„Очигледно е дека авторите на нападот сакаат да привлечат внимание. Очигледно станува збор за координиран напад преку медиумите“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за државната новинска агенција РИА.

„Како можат американските функционери да претпоставуваат нешто без истрага?“, прашува Песков.

„Сè уште не ни е дозволено да учествуваме во истрагата. Пред само неколку дена добивме информација за ова од Данците и Швеѓаните“, изјави Песков. „Ова не е само чудно. Мириса на монструозно злосторство“, додаде Песков.

Би можело да ве интересира

Володин: САД се одговорни за експлозиите на гасоводите „Северен тек“

Саботажата на Северен тек одобрена од највисокото украинско раководство, вклучително и Зеленски

Германија издаде потерница: Украинскиот нуркач Володимир З. го саботирал Северен ток

Катерина Ѓуровски

Вашингтон пост: Украински офицер го координирал нападот на Северен ток, Зеленски не знаел

Се појавија нови докази за уништувањето на Северен тек, непријатни за Полска

ЦИА со месеци знаела дека украинците ќе го разнесат Северен тек