Русија реагира на наводите на Романија: Воената опрема е испорачана во Србија

Од:

Руската воена опрема е испорачана во Србија, како што беше предвидено според договорот и планот, соопшти руското Министерство за одбрана.

Министерството реагираше по повод наводите на романското Министерство за надворешни работи дека Романија не дозволи транспорт на руско оружје што се движеше преку Дунав во Србија поради санкциите наметнати од ЕУ за Русија во врска со ситуацијата во Украина.

– Сите испораки се извршени со строго почитување на условите на договорот и на договорените датуми, се наведува во соопштението.

Како што се додава, извозот на производи поврзани со одбраната од Русија во Србија се спроведува во строга согласност со меѓународните закони и како дел од билатералната воено техничка соработка.

Претходно, романското МНР наведе дека за издавање транзитна дозвола за превоз на воен материјал, која може да се издаде само на романски оператор, мора да се исполнат неколку услови.

– Еден од условите е дека услугите на романскиот оператор, издадени врз основа на дозвола за транзит, не мора директно или индиректно да одговараат на интересите на физичко или правно лице, институции или организации од Руската Федерација, ниту да бидат наменети за користење во Русија, се наведува во соопштението и се додава дека овој услов не е исполнет – затоа лиценцата не била издадена.

Романската телевизија Диги 24 јави дека станува збор за 30 тенкови и 30 оклопни транспортери, кои се пратени во согласност со договорот помеѓу Србија и Русија.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане