Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека Москва разговара со Киев, со Меѓународниот комитет на Црвениот крст и со ОН за испраќање на хуманитарна помош во источна Украина, пренесоа британските медиуми.
-Според нас, приоритет сега е постигнување спогодба со украинската страна, Меѓународниот комитет на Црвениот крст и меѓународните хуманитарни агенции на ОН за неопходноста од испраќање хуманитарна помош во Луганск и Доњецк, рече Лавров.
Рускиот шеф на дипломатијата подвлече дека прекинот на огнот во источна Украина, за да се достави хуманитарна помош на мирното население, „е не само можно, туку и императивно“, пренесоа француските медиуми.
Ова прашање е итно, тоа не трпи одлагање, предупреди Лавров и посочи дека претседателот Владимир Путин лично го следи развојот на проблемот.